Украина откри уште две масовни гробници со тела на стотици луѓе во североисточниот град Изум, кој Киев го презеде од Русија овој месец, тврди украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Во интервју за Си-Би-Ес, украинскиот лидер повика на континуиран притисок на санкциите врз Русија, објави „Ројтерс“.
Руските власти се уште не го коментирале последното тврдење на Зеленски за откривање на уште две масовни гробници.