170
И во време на светска економска и енергетска криза Владата и институциите предводени од СДСМ се грижат за животниот стандард на сите граѓани.Од овој месец, платата на околу 32.500 вработени во основното и средното образование ќе добијат плата повисока за 15 отсто, вели пратеничката Даниела Николова од СДСМ.
-Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.Од тие 32.500 лица, околу 25.000 се наставници.Од преземањето на власта од страна на СДСМ, платите во образованието за четири години пораснаа за 21 отсто.Со последното зголемување, за само пет години платите во овој сектор се зголемуваат за 36 отсто, односно за една третина повеќе во однос на 2017 година, вели Николова.