„Започнат е распадот на ДУИ“, Таравари: Ако добиеме понуда за влегување во Влада, ќе ја разгледаме

од Берта Китинска
248 прегледи

„Започнат е распадот на ДУИ“, кажа кусо в.д претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, додавајќи дека не сака да ги коментира случувања во другите политички партии, но оцени дека е започнат распадот на ДУИ и оти тоа, како што рече, наскоро ќе се случи“.

Доколку добиеме понуда за да влеземе во владината коалиција ќе ја разгледаме, рече Таравари одговарајќи на новинарско прашање за можноста за влез на АА во извршната власт и под кои услови би прифатиле.

– Засега не сме разговарале за тоа, сега сме фокусирани на реорганизација на партијата. Претежно сме на терен и разговараме, ги слушаме активистите и симпатизерите. Не сме разговарале за условите за влез или излез. Не сме биле во Влада, па не сме ни размислувале. Но, ќе видиме, ќе испитаме дали ќе има таква понуда. Досега не сме добиле понуда, рече Таравари.

Слични содржини