Судска медицина за случајот „Тот“: Фатална била повредата на рбетниот мозок

од Берта Китинска
284 прегледи

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел, велат вештите лица на денешното рочиште беа согласни дека повредите кои ги задобил сега покојниот се класифицирани како тешка телесна повреда со опасност по живот и истите се поврзани со смртниот исход на оштетениот.

– Како причина за смрт наведено е дека смртта настанала заради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на рбетниот мозок, меѓутоа, како критична повреда од настапување на смрт врз основа на целокупната клиничка слика кај сега починатиот е повредата на почетен дел од рбетниот мозок, појасни вештото лице Александар Станков.

Тој појасни дека ударот во главата во тврда површина бил клучниот момент.

-Како критична повреда за смртниот исход, врз основа на целокупната клиничка слика, е повредата на почетниот дел од ‘рбетниот мозок, објасни докторот и вештак.

Новото судење за убиството на хрватскиот ракометар кој беше претепан до смрт во Градскиот парк во Скопје продолжува на 3 октомври.

Слични содржини