ЕК со повик до земјите-членки: Да се потпише Договорот за Фронтекс со С. Македонија

од Nikola Popovski
128 прегледи

Европската Комисија ги повикува земјите-членки на Унијата за потпишување и склучување на договор меѓу ЕУ и Северна Македонија за Фронтекс. Предлогот за договор со граничната и крајбрежна агенција на ЕУ, Фронтекс, поднесен на 23 септември до Советот ЕУ.

Во соопштението на ЕК, како што информира МИА од Брисел, се наведува дека предлогот ќе помогне да се зајакне капацитетот на Фронтекс во најблиското соседство на ЕУ, преку помош за властите во земјава да се справат со нерегуларна миграција, борба против шверц и засилена безбедност на надворешните граници на ЕУ.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, пред неколку дена најави дека договорот ќе го потпишеме во октомври.

– Задоволен сум што преговорите за Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс, се завршени и што наскоро ќе го потпишеме овој важен договор, на македонски јазик, а во присуство на еврокомесарката за внатрешни работи, Јохансон, рече Маричиќ.

 

Слични содржини