ВЛОДИМИР Зеленски преку видео врска се обрати на седницата на Советот за безбедност на ОН, каде повика на обезбедување колективни безбедносни гаранции за Киев.
„Украина мора да добие јасни и правно обврзувачки гаранции за колективна безбедност“, рече Зеленски во видео обраќањето за време на седницата на Советот за безбедност.
Тој додаде дека „на светот му треба“ безбедносна архитектура која ќе биде во согласност со глобалната улога на Украина и повика на продолжување на воената и финансиската поддршка за Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН во вторникот рече дека Русија не може да има нуклеарно оружје бидејќи тоа не гарантира безбедност за целиот свет.