225
Властите на регионите Херсон и Запорожје ќе побараат од рускиот претседател Владимир Путин да размисли за прифаќање на тие региони во Русија по референдумот.
„Ќе му се обратиме на рускиот претседател во следните неколку дена“, изјави за ТАСС Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот Херсон.
Проруските власти во четири региони на Украина под контрола на Москва вчера објавија дека огромното мнозинство жители гласале за приклучување кон Руската Федерација, по пет дена гласање на референдумот кој Киев и западните лидери го отфрлија како „фарса“.