Игор Којиќ, поранешниот сопруг на пејачката Северина Вучковиќ, даде интервју за хрватските медиуми и презентираше бројни детали за бракот со пејачката, дружењето со нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ и многу други работи.
Меѓу другото, тој се осврна и на тоа што Северина своевремено откри дека го изгубила нивното заедничко дете.
„Тоа е неописливо и не можам да кажам дека беше лесно, но јас го сфатив како Божја промисла. Сè во животот се случува со причина“, изјави тој за Index.hr.
Тој откри и дали се слуша со поранешната сопруга и дали би сакал да воспостават контакт.
„Не се слушаме. Би било убаво да имаме нормални односи исклучиво кога Александар сака да се видиме, но тоа е работа на слободна волја. Нека биде како што мора“, нагласува Игор.
Тој призна и што чувствува денес кон пејачката.
„Чувствувам дека тоа е мајката на Александар. Поточно знам дека е, затоа што личат“, вели Којиќ.
Тој одговори и на прашањето дали имал нова врска по разводот.
„Сега сум фокусиран на некои други работи и на зајакнување на некои други врски“, рече тој.