Арсовска назначи нови в.д директори на јавните претпријатија

од Nikola Popovski
176 прегледи

Градот Скопје информираше дека попладнево се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија, кои останаа празни по оставките.

Со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта Саид Саид. На в.д директорската позиција во ЈП Паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека со ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.

Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП Водовод Марјан Митевски.

-Новите в.д директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со економската и енергетската криза. Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства, стои во соопштението на Град Скопје.

Претходно седум функционери во градската власт заминаа од функцијата за само пет дена. Во исто време стигнаа соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ дека тие сами си поднеле оставки, а не биле разрешени од градоначалничката Данела Арсовска.

Слични содржини