Путин утре ќе прогласи анексија на делови од Украина

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Објавен е датумот кога Русија официјално ќе ја прогласи анексијата на источниот и југоисточниот дел на Украина. Ова ќе се случи утре, 30 септември, потврдија од Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Песков најави дека Путин утре во 15 часот по московско време ќе ја потпише анексијата на окупираните делови на Украина.

Руската државна новинска агенција РИА Новости во Русија јавува дека „претставниците на Државната дума добиле покана во Кремљ за настан на 30 септември на кој ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин“.

РИА пренесува дека претставникот на Државната дума Денис Парфјонов рече дека настанот ќе започне во 15:00 часот по московско време.

Слични содржини