Toyota Land Cruiser од генерацијата J70 беше претставен во 1984 година и оттогаш се произведува континуирано. Моделот во меѓувреме е модернизиран, но во основа останува ист – незапирлив и нераскинлив.
Верувале или не, и покрај релативно високата цена, овој модел се чека со месеци, па и со години.
Сега доаѓа посебна модификација. Таа е потпишана од SVI Engineering, а беше претставен оваа година на настанот Africa Aerospace and Defense Show.
Овој модифициран Land Cruiser ја носи ознаката MAX3 и е продолжен пик-ап возило со три оски. Во исто време, задните тркала добија диск сопирачки за полесно да се справат со дополнителната тежина.
И масата е значително зголемена, со оглед на тоа што Land Cruiser доби оклоп. Челичната каросерија обезбедува целосна заштита од пешадиско оружје, вклучително и гранати што ги користи пешадијата.
Стандардот EN1063 BR6 значи дека стаклото ќе издржи калибар 7,62 x 51. Како опција се нуди значително посериозен степен на заштита BR7, инаку најсилната што се нуди кај цивилните возила.
Под хаубата е сигурен 4,5 V8 турбо-дизел кој успешно се справува со возилото тешко 5,5 тони.