ПУТИН ЈА ПРИЗНА НЕЗАВИСНОСТА НА ХЕРСОН И ЗАПОРОЖЈЕ: Рускиот претседател потпиша два важни укази!

од Nikola Popovski
233 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша укази за отворање на патот за формално припојување на окупираните украински региони Херсон и Запорожје кон Русија.

Во указите, објавени од Кремљ, се наведува дека Владимир Путин ги признал двата региони како независни територии, пренесува Ројтерс.

Ова е чекор потребен за да му се овозможи на Путин да продолжи со плановите да објави во петок дека регионите се дел од Русија.

„Во согласност со општо прифатените принципи и норми на меѓународното право, признавајќи го и потврдувајќи го принципот на еднаквост и самоопределување на народите, содржани во Повелбата на Обединетите нации, земајќи ја предвид волјата на народот на регионот Херсон на референдумот одржан на 27 септември 2022 година одлучувам да се признае суверенитетот и независноста на областа Херсон“, се наведува во документот.

Тој во петок ќе учествува на церемонијата на потпишување на договорот за присоединување на окупираните украински територии кон Русија, што ќе се одржи во Кремљ.

По церемонијата, Путин се очекува да одржи голем говор и да се сретне со гувернерите на украинските региони назначени од Москва, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Потпишувањето на анексијата на украинската територија е планирано за 15 часот по московско време.

Документите се објавени на веб-страницата на Кремљ.

Слични содржини