Трас: Британија никогаш нема да ја прифати руската анексија на четирите украински региони

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Велика Британија „никогаш нема да ја прифати“ руската анексија на четирите украински региони, изјави денеска британската премиерка Лиз Трас, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин дека сака насилно да ги промени меѓународните граници.

„Велика Британија никогаш нема да ја игнорира суверената волја на овие народи и никогаш нема да ги прифатиме регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје како било што друго освен украинска територија“, рече Трас.

Таа додаде дека на Путин не може „да му се дозволи насилно да ги промени меѓународните граници“.

„Ќе се погрижиме тој да ја загуби оваа незаконска војна“, изјави премиерката на Велика Британија.

Слични содржини