Од земјите во регионот С.Македонија доби најмногу пари воена поддршка

од Берта Китинска
163 прегледи

Стејт департментот соопшти повеќе од две милијарди долари воена поддршка се одвоени за помош на 17 земји погодени од ситуацијата во Украина, вклучително и земјите од источниот дел и другите регионални партнери и сојузници кои обезбедија воена помош за Украина за време на нејзиниот тековен конфликт со Русија.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека “средствата ќе ги поддржат можностите за земјите кои веќе и донирале на Украина да ги надополнат своите резерви“.

Колку пари американска помош доби Македонија, а колку останатите држави во регинот?

Придобивките од НАТО се очигледни, имајќи ги предвид непредвидливите времиња во кои живееме. Не е случајно што државите добиваат поддршка за воена опрема токму во овој период, полн со безбедносни ризици, особено за Западен Балкан.

Од земјите во регионот, Северна Македонија доби најголема поддршка во вкупен износ од 78 милиони долари. Неодамна црногорскиот министер за одбрана објави дека неговата држава добила 23 милиони долари воена поддршка.

Слични содржини