Државниот завод за статистика денес објави нов сет на податоци од Попис 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата.
Еве неколку интересни факти:
Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според брачниот статус, 23. 8 % се неженети/ немажени, 65.3% се мажени /женети, 7.2% се вдовци / вдовици и 1.6% се разведени. Регистрирани се и вкупно 3 случаи на вдовци/ вдовици и 13 случаи на рзведени во возрасната група од 15 -19 години.
Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98.4 % живеат во брачна заедница, а 1.6% во вонбрачна заедница.
81.1% од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7% дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.
Според местото на раѓање, 90% од вкупното резидентно население се родени во Република Северна Македонија.