Удар за Путин: Америка воведува нови санкции против Русија поради анексијата

од Nikola Popovski
141 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја осуди руската анексија на четирите украински региони.

„САД го осудуваат денешниот лажен обид на Русија да анектира суверена украинска територија. Русија го крши меѓународното право, ги крши принципите на Повелбата на ОН и ја покажува својата омраза кон мирољубивите нации“, рече Бајден.

Тој додаде дека потезите на Русија немаат легитимитет и дека САД ќе продолжат да ги почитуваат меѓународно признаените граници на Украина.

Во изјавата по анексијата на четири украински региони, Бајден рече дека САД, заедно со меѓународната заедница, ќе ги осудат потезите на Руската Федерација и ќе побараат од нив одговорност.

САД воведоа нов пакет санкции врз Русија, откако Владимир Путин потпиша договор за припојување на окупираните региони на Украина кон Русија.

Повеќе од 1.000 луѓе и фирми поврзани со руската инвазија на Украина се вклучени во новиот пакет санкции, вклучително и гувернерот на Централната банка и семејствата на членовите на Советот за национална безбедност.

Слични содржини