Данска и Шведска: Стотици килограми експлозив се активирани на Северен тек

од Nikola Popovski
204 прегледи

Саботажите на гасоводите под Балтичкото Море „веројатно се резултат на активирање на неколку стотици килограми експлозив“, соопштија Данска и Шведска во писмо до Обединетите нации.

Норвешките истражувачи денеска објавија мапа на која предвидуваат дека огромното количество метан што истече од оштетените цевководи Северен тек 1 и 2 долго ќе „патува“ во Балтичкото Море.

Скандинавските сеизмолози забележале експлозии кои му претходеле на истекувањето. Првата експлозија била пријавена рано во понеделникот југоисточно од данскиот остров Борнхолм. Втората, посилна експлозија североисточно од островот таа ноќ беше еднаква на земјотрес со јачина од 2,3 степени.

Москва побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разговара за гасоводите и повика на темелна меѓународна истрага за да се процени штетата на цевководите, кои носат гас од Русија до Европа. Русија вели дека сето тоа изгледа како терористички напад, веројатно извршен на државно ниво.

Овонеделната саботажа на цевководите Северен тек 1 и 2 предизвика две истекувања на метан кај Шведска, вклучувајќи големо над Северен тек 1 и помало над Северен тек 2 и две истекувања кај данскиот брег.

Слични содржини