Столтенберг за барањето на Украина за брз прием во НАТО: „Секоја земја има право да си го дефинира својот пат “

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека вратите на НАТО се отворени, но дека алијансата ќе се фокусира на помагање на Киев.

– Секоја земја има право да си го дефинира својот пат. Вратите на НАТО се отворени, но алијансата ќе се концентрира на помагање на Киев – рече Столтенберг.

Да потсетиме, Зеленски претходно изјави дека денеска Украина испратила барање за забрзан прием во НАТО.

– Имаме де факто веќе докажана компатибилност со стандардите што ги бара Алијансата. Тие се покажаа како реални за Украина, реални на бојното поле и во сите аспекти на нашата интеракција. Си веруваме еден на друг, си помагаме и се штитиме. Ова е Алијансата – рече претходно тој

Слични содржини