119
Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека ураганот Ијан на Флорида предизвикал штета која веројатно е меѓу најголемите во историјата и нареди да се преземат сите можни активности за да се спасат човечки животи.
„Штетата предизвикана од ураганот се утврдува“ изјави Бајден пред новинарите, пренесе „Ројтерс“.
Ураганот денеска продолжи кон Јужна Каролина откако вчера ја погоди Флорида, кога загинаа 19 лица, проследен со обилни дождови кои предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ американската сојузна држава.
The end of the Pawleys Island pier has collapsed & is floating south. pic.twitter.com/ajJsWeXWfN
— Pawleys Island PD (@PawleysIslandPD) September 30, 2022