Процедурата за прием на Украина во НАТО треба да се разгледа во друг период, изјави помошникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џејк Саливан.
– Според наше мислење, сега најдобриот начин да се поддржи Украина е преку практична поддршка „на терен“, а процесот во Брисел треба да се преземе во друг период, им рече Саливан на присутните новинари.
Тој нагласи дека САД не одбиваат да ја поддржат политиката на „отворени врати“ за НАТО.
– Сите одлуки за пристапување мора да се донесат меѓу 30-те земји членки и земјите што сакаат да се приклучат – прецизира Саливан.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера информира дека Украина официјално поднесе барање за влез во НАТО.
– Имаме де факто веќе докажана компатибилност со стандардите што ги бара Алијансата. Тие се покажаа како реални за Украина, реални на бојното поле и во сите аспекти на нашата интеракција. Си веруваме еден на друг, си помагаме и се штитиме. Ова е Алијансата – вели тој.