„Партнерството меѓу Република Северна Македонија и САД не значи само политичка поддршка, значи и соработка и поддршка во градењето и унапредувањето на способностите и капацитетите на нашата Армија. Изминативе 30 години САД се нашиот стратешки партнер и сојузник во остварувањето на овие цели, вели денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, а во врска со сојузничката поддршка од САД во износ од 78 милиони долари, наменета за модернизација, опремување и унапредување на капацитетите на Армијата.
„Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги достигнеме НАТО целите на способности и ќе ни овозможат уште поинтензивно да ги развиваме нашите капацитети – да се модернизираме, да се опремуваме, да имаме посилна сајбер одбрана. Модерна и напредна Армија.
Армијата нема време и во Армијата нема простор за деструкции и импровизации. Армијата и служи на државата и на сите граѓани.
Почитувани пријатели од САД, благодарам што ги препознавате напредните и развојни процеси во Министерството за одбрана и Армијата и ги поддржувате и токму затоа и понатаму ќе продолжиме да ги споделуваме истите вредности, истите принципи: демократски свет, заснован на меѓународен поредок кој гарантира безбедност и меѓусебно почитување“, додава таа.