Илон Маск претстави робот: Може да наводнува цвеќиња и да носи кутии (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
306 прегледи

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, покажа прототип на хуманоидниот робот „Optimus“, предвидувајќи дека производителот на електрични возила ќе може да произведе милиони примероци и да ги продаде за помалку од 20.000 долари, помалку од една третина од цената на моделот „Y“.

„Имаме уште многу работа за да го подобриме Optimus“, рече Маск на претставувањето на роботот во канцеларијата на Тесла во Пало Алто, Калифорнија.

Маск истакна дека очекува компанијата да биде подготвена да прима нарачки за „Optimus“ за три до пет години.

Прототипот на моделот за кој Тесла наведе дека го развил во февруари излезе да ги поздрави присутните во петокот, а во таа прилика прикажано е и видео на кое се гледа како прави едноставни задачи како што се наводнување растенија и носење кутии.

 

„Тој не беше сосема подготвен да оди, но мислам дека тоа ќе се реши за неколку недели“, рече Маск.

Тој рече дека на постоечките хуманоидни роботи им недостига мозок и способност сами да ги решаваат проблемите. Спротивно на тоа, Optimus би бил „исклучително способен робот“ и Тесла има намера да произведе милиони од нив.

За разлика од другите производители, Тесла гледа пазарна можност за производство на роботи на масовен пазар кои би можеле да се користат во фабричките работи.

Слични содржини