Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги оцени како смешни тврдењата на европските држави дека Русија одлучила да ја „ промени картата на Европа“.
– И гласините за прекројување на границите што се испраќаат од другата страна на океанот се подеднакво смешни – рече Захарова и посочи дека НАТО бомбардирањето на СР Југославија е поддршка за преобликување на границите на Србија и коцкањето на САД со независноста на Косово.
Таа изјави дека тврдењата на Западот дека Русија донела одлука да ја прекрои картата на Европа се смешни бидејќи ги направила Германија, која ги има сегашните граници благодарение на слично прецртување на крајот на 1980-тите.
– Берлин не треба да зборува за прекројување на границите поради неговата страшна историја – рече Захарова, пренесе руската новинска агенција ТАС С.
Таа ги смета и за смешни најавите на источноевропските земји, бидејќи повеќето од нив својот суверенитет во изминатите децении го постигнаа токму со прекројување на границите.