Украинците слават во Лиман со палење на руски знамиња (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
212 прегледи

Украинската армија во текот на вчерашниот успеала да ослободи голем дел од градот Лиман кој им припаѓал на руските војници, а денеска на социјалните мрежи се појавија видеа од украински војници како го „чистат“ градот и палат руски знамиња по ослободувањето на полициската станица.

По долги битки, Украинците го ослободија Лиман од Русите, а вчера околу 13 часот ги подигнале знамињата на западниот влез во градот. Новинарот на британскиот „Гардијан“ Лук Хардинг на социјалната мрежа „Твитер“ објави видео од украинските војници како го креваат знамето пред знакот на влезот во градот Лиман. Претходните денови се водеа жестоки битки за контрола на Лиман, а во петокот руските сили признаа дека биле „опколени“ од украинските сили.

Се проценува дека околу 5.000 руски војници наводно се оставени во Лиман да ги бранат своите позиции. На социјалните мрежи се шират информации дека Лиман е ослободен, но се уште нема официјална потврда. На социјалната мрежа „Твитер“ споменатиот новинар на „Гардијан“ објави видео од украинските војници како палат руски знамиња по ослободувањето на полициската станица во градот Лиман. Овој град се смета за важно стратешко место и поради тоа борбите во него се интензивираат.

„Се спроведуваат мерки за стабилизација“, соопштија украинските вооружени сили.