Украина: Ракетирано Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Руските сили утринава извршија ракетен напад врз градот Запорожје и две села во областа Запорожје, а во тие напади е повредено едно лице, соопшти регионалната воена управа.

Се известува дека биле истрелани десетина ракети С-300 и дека биле погодени инфраструктурни објекти во градот Запорожје, пренесува „Интерфакс Украина“.

Во соопштението се наведува дека е уништен и центарот за рехабилитација за деца со посебни потреби.

Слични содржини