Сменет воен комесар: Половина од мобилизираните мажи во Хабаровск испратени дома

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Воениот комесар на областа Хабаровск во Русија е сменет од функцијата, откако половина од новомобилизираните биле испратени дома бидејќи не ги исполнувале потребните услови, изјави денеска гувернерот на овој регион Михаил Дегтјарев.

„Регионалниот воен офицер Јуриј Сергејевич Лајко денеска беше разрешен од функцијата. Ова на никаков начин нема да влијае на извршувањето на целите поставени пред нас од претседателот Владимир Путин. Работиме заедно со министерството за одбрана, нашата индустрија, организациите и сите релевантни агенции“, рече Дегтјарев во видеото на Телеграм, пренесе агенцијата ТАСС.

Според гувернерот, во рамките на делумната воена мобилизација биле поканети неколку илјади жители на областа Хабаровск, но половината биле вратени дома, бидејќи не ги исполнувале потребните услови.

Во Русија на 21 септември беше објавена делумна мобилизација и беше најавено дека ќе бидат мобилизирани 300.000 луѓе.

Министерството за одбрана на Русија вчера соопшти дека државјаните на Русија кои се мобилизирани во рамките на делумната мобилизација минуваат борбена обука во центрите за обука на Министерството за одбрана и на задните полигони.

Слични содржини