Бочварски: Урбанистичките планови мора да се почитуваат, за градењето мора да се консултираат и граѓаните

од Берта Китинска
197 прегледи

Централизирањето на градбата не смее да се повтори, градењето мора да остане на локално ниво затоа што општините самите ги знаат своите потреби, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој гостувае во СТУДИО 10 и додава дека во новиот закон за градење мора да се консултираат и граѓаните за да се постигне транспарентност.

Бочварски вели дека Министерството за транспорт има други ингеренции за издавање дозволи, а станбената градба е ингеренција на општините.

Скопски саем беше објект препознатлив за Скопје. Нема држава која нема саем. Сега на таа локација има трговски центар.

-Ми недостасува саемот, но денес има нов објект на таа локација затоа што така процениле од Градот Скопје. Потреби се такви објекти каков што е трговскиот центар затоа што го поттикнува туризмот и ги задржува средствата на граѓаните во земјата, вели Бочварски.

Тој додава дека единствен проблем е ако се уништува зеленило и тоа е спротивно на интересите на граѓаните, но ако се почитуваат урбанистичките планови градење мора да има.

Во однос на легализирање на дивоградбите, Бочварски вели дека нужно беше да им се помогне на загрозените категории граѓани. Тој вели дека од новиот закон се исфрлени бизнисмените кои направиле бесправни градби.

Слични содржини