Денеска во Основниот Кривичен суд Скопје продолжи доказната постапка за случајот во кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје.
Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која ја констатирал на 28 април годинава, кога го извршил прегледот. Тој посочи дека обвинетите се психички здрави индивидуи со уредна интелигенција.
Тој посочи дека тројцата обвинети се психички здрава индивидуа со уредна интелигенција.
На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје, така што, како што посочи, можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите.
Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, стои во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Судењето за убиството на хрватскиот ракометар продолжува на 17 октомври.