Среќен сум што Пенов е предложен за министер, вели Ковачевски

од Берта Китинска
178 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

-Среќен сум што Ристо Пенов е предложен, го сметам за еден од најдобрите градоначалници во Македонија. Има успешни проекти. Прво ќе оди оставката па избор на нов министер“, кажа премиерот Димитар Ковачевски.

Тој рече дека се уште нема добиено допис официјално и се сведува на изјави.

Премиерот рече дека нема да има други промени во владиниот состав.

-Ви кажав, смена ќе има во Министерство за локална самоуправа, со оглед на тоа дека имаме оставка на министерот. Нема друг план. Друго нема во план, рече премиерот Ковачевски.

Слични содржини