Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските региони

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украинските региони, изјави денеска севернокорејската министерка за надворешни работи Ко Сон Хуи, обвинувајќи ги САД дека применуваат двојни стандарди и се мешаат во внатрешните работи на земјите ширум светот.

Ко за државниот медиум KCNA изјавила дека референдумите се одржани легитимно, во согласност со повелбата на Обединетите нации, пренесе „Ројтерс“.

„САД се обидуваат да одржат униполарен свет мешајќи се во внатрешните работи на независните држави, а истовремено го игнорираат Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакна севернокорејската министерка за надворешни работи.

Слични содржини