Канје Вест во понеделникот повторно се најде во центарот на вниманието на американските медиуми на ревијата и промоцијата на неговата колекција „YZY SZN 9“, овој пат за необичен моден избор.
Имено, Канје Вест се појави во црна маица на која на задната страна имаше натпис „White Lives Matter“, а на предниот дел ликот на поранешниот папа Јован Павле Втори.
— Candace Owens (@RealCandaceO) October 3, 2022
Неколку манекенки на ревијата носеа различни верзии на истиот дизајн, а на социјалните мрежи беше откриено дека познатиот конзервативен политички коментатор дошол на ревијата облечен во иста кошула, само во бела боја.
Фразата „White Lives Matter“ беше измислена како одговор на движењето „Black Lives Matter“.
— Candace Owens (@RealCandaceO) October 3, 2022