147
Кремљ денеска го поздрави предлогот на сопственикот на компанијата Тесла, Илон Маск, за можен мировен договор за ставање крај на војната во Украина.
-Многу е позитивно што некој како Маск бара мирен излез од оваа ситуација, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс.
-Во споредба со многу професионални дипломати, Маск сè уште бара начин да постигне мир. Постигнувањето мир без исполнување на условите на Русија е апсолутно невозможно, рече Песков.
Во неделата Маск предложи Киев да ѝ го отстапи Крим на Русија, да се одржат нови референдуми под надзор на Обединетите нации за судбината на украинските територии контролирани од Москва и Украина да се согласи на неутралност.