Ле Пен смета дека санкциите врз Русија го казнуваат францускиот народ

од Nikola Popovski
174 прегледи

Санкциите на Европската унија не успеаја да ја погодат Русија, но затоа го казнуваат францускиот народ, изјави денеска за ТВ „BFM“, Марин Ле Пен, шеф на пратеничката група на Националното собрание во долниот дом на францускиот парламент.

„Санкциите не функционираат, згора на тоа, тие се контрапродуктивни. Реалноста е дека санкциите доведоа до зголемување на приходите на Русија од извозот на нафта за 40 милијарди евра“, изјави Ле Пен, а пренесе агенцијата ТАС С.

Таа истакнала дека санкциите на ЕУ всушност го казнуваат францускиот народ кој годинава го очекува тешка зима.

Според неа, „одговорноста е на оние кои ги донеле тие одлуки“.

На 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин започна руска воена операција во Украина, а како одговор, западните земји воведоа тешки санкции кон Русија.

Слични содржини