Политико: ЕУ воведува ограничување на цената на нафтата во новиот пакет санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

ЕУ се согласи да воведе ограничување на цената на нафтата во новиот план за санкции за Русија, но последните детали од оваа одлука, дизајнирана да влијае на приходите на Русија од продажбата на нафта, треба да бидат објавени денеска, пишува „Политико“.

Седум европски дипломати потврдија дека амбасадорите на ЕУ постигнале оквирен договор за нови санкции против Русија поради војната со Украина, вклучително и ограничување на цената на руската нафта, пишува „Политико“.

Нов пакет санкции против Москва, осми кој ќе биде воведен, беше предложен минатата недела од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, откако рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје во Украина, а потоа нареди мобилизација на стотици илјади резервисти.

Слични содржини