СДСМ: На Мицкоски паметот му е во тендерите

од Берта Китинска
209 прегледи

Едни исти фабрикувани лаги шири Лефков од белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, откако самите се фатија во криминал од 136 милиони евра за провизии, велат од СДСМ во врска со изнесените тврдења на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ со аферата „Броило“.

-Познат и по хидроцентралите, зошто Мицкоски не ја отстапи струјата бесплатно на граѓаните?На Мицкоски паметот му е во тендерите, не му е гајле за граѓаните.Затоа ВМРО-ДПМНЕ се уплашени од чесната и одговорна работа на претседателот Димитар Ковачевски.Сите официјални податоци ги демантираат фабрикуваните лаги на ВМРО-ДПМНЕ.Џабе се овие лаги кои сите официјални податоци ги демантираат и покажуват дека претседателот Ковачевски уште во 2020 година целосно се повлекол од компанијата и нема никаква врска.Наместо да фабрикува невистини Лефков нека го повика Мицкоски да ја отстапи струјата од неговите хидроцентрали на граѓаните. А пратениците во Собранието конечно да ги деблокираат законите за енергетиката, велат од владејачката партија.