Актерот Бен Афлек (50) ја продава вилата во која живеел по разводот со Џенифер Гарнер. „Палатата“ на речиси најпосакуваниот ерген е трета на листата на најскапи во областа Лос Анџелес. А цената? „Вистинска ситница“.
Бен Афлек одлучи да ја продаде својата вила во која живееше по разводот и да се пресели со сопругата Џенифер Лопез во нов дом.
Оваа вила ја купил за 19 милиони долари, а сега ја продава за дури 28,5 милиони долари.
Тој се всели во оваа вила во 2018 година, по разводот, а бидејќи неодамна се ожени со актерката и пејачка Џенифер Лопез, двојката планира да се всели во нов дом.
Луксузната вила е во традиционален стил и содржи седум спални соби, девет бањи, луксузни дневни соби, како и кино, винарска визба, теретана и велнес сала.
Имотот има и голем двор опкружен со висока ограда и дрвја.