Британски аналитичар: Започна колапсот на рускиот фронт на југот

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Ед Арнолд, аналитичар во британскиот институт за безбедност и одбрана Royal United Services, во интервју за Sky News ги коментираше последните случувања на фронтот во Украина.

Арнолд вели дека „Украина веќе ја постигнала својата примарна политичка цел“, односно дека „му покажала на Западот дека може да ја ослободи сопствената територија користејќи оружје испратено од западните земји“.

„На Русите сега им требаат добри команданти, а ги немаат“

„Сега тие преминуваат кон воените цели. Првата е ослободување на што е можно повеќе градови и села пред доаѓањето на зимата. Но, тие исто така сакаат да се осигураат дека територијата под контрола на Русите е во опсегот на нивните системи со долг дострел, за да можат дополнително да ги ослабат руските капацитети“, вели Арнолд.

Британскиот аналитичар вели дека Украина во последните 24 до 48 часа ослободила осум градови во јужниот регион Херсон.

„Рускиот фронт практично почна да се распаѓа. Кога тоа ќе се случи, на армијата ѝ требаат многу добри команданти за да ги охрабрат своите сили, а Русите го немаат тоа во моментов“, вели Арнолд, додавајќи дека руската армија на југ „нема добри одбранбени позиции“.

Слични содржини