Левица: Ковачевски и Мицкоски го штитат интересот на ЕВН

од Nikola Popovski
119 прегледи

Вчерашната средба на Мицкоски со Ковачевски за енергетската криза, заврши со заклучок дека и двајцата се сложни дека австриската ЕВН треба да има дополнителен приход од буџетски т.е. народни пари, порачаа денеска од Левица.

Според партијата, „тоа што австриската ЕВН е ревносен поддржувач на овие партии, во зависност која партија е на власт – притоа згрижувајќи голем број на партиски послушници и од двата табора на високи позиции и со големи примања, ни дава за право да имаме оправдан сомнеж дека мерките, за кои се сложни Ковачевски и Мицкоски, ги одредува токму австриската ЕВН“.

-Предлогот кој го понуди Левица уште во самата предизборна програма, а упорно го повторува изминатиов период е: државната “ЕСМ Продажба” да ги снабдува со електрична енергија сите државни, јавни и општински институции, како и училиштата и болниците.

Со оваа мерка ќе се избегне маржата од 11,5 отсто кон австриската ЕВН, а државата ќе може да ја контролира цената на струјата со комбинација на произвотствената цена на ЕСМ (ЕЛЕМ) и цената на увезената енергија за овие институции, бараат од Левица.

Слични содржини