Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат и национален социјален партнер кој будно ги следи и анализира економските состојби во државата смета дека поради здравствената , енергетската и воената криза е потребно интезивирање на социјалниот дијалог во рамките на постоечките институции со цел отворен разговор и изнаогање на решенија за сите отворени прашања со цел ублажување на последиците од овие кризи особено за најранливите категории на работници и граѓани.
После денешниот Економско-социјалниот совет одржан во Владата, со цел на преживување во време на кризата, првиот синдикалец Дарко Димовски истакна дека:
1.ССМ бара платите во државата да го следат порастот на инфлацијата но и порастот на синдикалната кошница која ја изработува ССМ.
2.ССМ бара доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата како и утврдување на ваква одредба во општиот колективен договор за јавен сектор и општиот колективн договор за приватен сектор која ќе с еоднесува за сите работници и работодавачи
3.ССМ бара проширување на досегашни анти кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти како и проширување на повеќе прехрамбени продукти.
4.ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно бараме да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (48.230,00 денари). Исто така бараме да бидат опфатени и категориите на средношколци и студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење со субвенционирање на дел од трошоците од нивното сместување.
5.ССМ бара да се овозможи бесплатен градски превоз до и од работа со оглед на тоа што таквиот трошок за вработените граѓани е секојдневен и неизбежен, а несомнено го оптеретува домашниот буџет.
Сојузот на синдикати очекува Владата наредната недела на седница на Економско-социјалниот совет да ги прифати ваквите мерки и на тој начин да им испадне во пресрет на работниците со најниски примања и најранливите категории на граѓани.