Бејл: Секоја улога која ја добива еден актер е улога која Ди Каприо претходно ја одбил

од Stefanija Kuzmanovska
314 прегледи

Актерот Кристијан Бејл, најпознат по улогата во трилогијата за Бетмен, во интервју за GQ истакнал дека својата голема кариера му ја должи на Леонардо ди Каприо.

Како што рече, кариерата ја изградил на улогите кои Ди Каприо ги одбил, бидејќи режисерите редовно оделе прво кај него, па дури потоа кај други актери.

„Не е тоа случај само со мене. Така е денес, а така е и веќе некое време. Секоја улога што ја добива еден актер е улога која Ди Каприо претходно ја одбил. Не е важно колку добро стоиш со режисерот, секоја улога која ја имам играно прво му беше понудена на него“, изјави Бејл и додаде:

„Има голем број луѓе кои ми го кажале тоа. Затоа, ти благодарам Лео. Тој буквално може да избере на што ќе работи. И мило ми е за него, тој е феноменален. Благодарен сум што добивам каква било улога, свесен сум дека не можам да глумам онака како што глуми тој. Не би можел да живеам ниту со славата со која живее тој, а тоа го прави на одличен начин“.

Слични содржини