Мираковска до бугарскиот колега Јорданов: „Јас сум Македонка, тоа е мојот идентитет“

од Берта Китинска
382 прегледи

Пратеничката од НСДП Соња Мираковска му возврати на бугарскиот пратеник Александар Јорданов во Советот на Европа дека е Македонка и дека тоа е нејзиниот идентитет.

Јорданов посочи дека Советот на ЕУ дал став во кој е јасно кажано дека Македонија пред сè треба да изврши промена во својот Устав за да ги отпочне реалните преговори за членство во ЕУ.

– Вие мене, ниту на моите сограѓани, не можете никогаш да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик. Јас сум Македонка, зборувам на македонски јазик, живеам во Македонија сега наречена Северна Македонија. И тоа е мојот идентитет.Ги признавам моите сограѓани Албанци, Турци па и Бугари ако ги има. Македонија е пример за мултиетничко општество рече Мираковска.

Таа посочи дека проблем на Бугарија е што издавала бугарски пасоши на нелегален начин и заведени на адреса на една бандера.

-Вие имате бугарски пасоши кои се регистрирани на една бандера во град во Бугарија. Вие имате бугарски пасоши кои се дадени на сосема нелегален начин и тоа е нешто што треба да се испитува во иднина. Тоа е ваш проблем кој вие треба да го решавате, заклучи Мираковска.