Европската унија воведе санкции против 30 руски физички и седум правни лица, пишува во Службениот весник на ЕУ.
Со оглед на сериозноста на ситуацијата, Советот смета дека 30 лица и седум субјеки, одговорни за дејствија кои го нарушуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, треба да се додадат на списокот на лица, субјекти и тела кои подлежат на рестриктивни мерки, се наведува во документот, пренесува ТАСС.
Руските пејачи и музичари Јулија Чичерина, Николај Расторгуев и Олег Газманов се додадени на листата на санкции, заедно со компаниите Иркут и Дегтјајев, соопшти агенцијата.