Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се наоѓаат на самитот Европска политичка заедница во Прага. Додека го чекале состанокот, Вучиќ на својот Фејсбук профил објавил фотографија со Ковачевски, како седат на скали.
– Со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, исто како во студентските денови, додека го чекаме следниот состанок, напиша Вучиќ под фотографијата.
Со официјален пречек на шефовите на држави, од страна на премиерот на Чешка Петр Фиала, започна првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага. Премиерот Фиала го пречека премиерот Ковачевски кој ја предводи владината делегација, во чиј состав се и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.