Ковачевски: Се очекува полноправно членство во ЕУ до 2030

од Nikola Popovski
179 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска во Прага на билатерална средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер разговараа за перспективите на регионот и евроинтегративниот процес на нашата земја. Тема на разговор беа и предизвиците наметнати од светската енергетска криза и можностите за нивно надминување.

Премиерот Ковачевски истакна дека Северна Македонија е целосно подготвена за процесот на скрининг што ни претстои и дека се очекува полноправно членство во Европската Унија до 2030 година.

Двајцата се согласија дека двете земји имаат одлични билатерални односи и соработка, а се разгледуваат и можностите за нивно унапредување во насока на спроведување на реформските приоритети.

Беше изразена и благодарност за безрезервната австриска поддршка од технички и од финансиски аспект која ја добиваме од Австрија.

Слични содржини