Глобалната економија страда од поделбата на светот на оние кои се за и оние кои се против Русија, изјави извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.
Таа посочи дека тоа е најдраматичната последица од настаните во Украина, иако се уште има многу ризици, вклучително и прелевање на конфликтот од Украина во други земји, пренесува ТАСС.
„Доколку одиме до точка да отсечеме некои делови од светот од другите, во богатите земји би имало многу сиромашни луѓе, додека сиромашните земји би го носеле најголемиот дел од товарот“, рече Георгиева.