Турција ќе продолжи да се спротивставува на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО додека не се исполнат нејзините барања за построг став на Шведска против терористичките организации, изјави во четвртокот во Прага турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган.
„Се додека терористичките организации демонстрираат на улиците на Шведска, а терористите се присутни во нивниот парламент, нашиот пристап кон ова прашање нема да биде позитивен“, изјави Ердоган за новинарите на состанокот на европската политичка заедница, пренесе „Ројтерс“.
Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да се спротивставува на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО додека не се исполнат нејзините барања за построг став од страна на Шведска против терористичките организации.