Мерењата на емисиите на цврстите честички на двете мерни точки во Макстил, покажуваат емисиони вредности до три пати пониски од дозволените. И во третиот квартал од годината, на мерната точка Оџак од пескара, каде дозволената гранична вредност е 30 mg/Nm3 во месеците јули, август и септември највисоката вредност била измерена во септември, 8,26 mg/Nm3 а најниската во јули и е 5,2 mg/Nm3. На втората мерна точка, Оџак на филтер постројка во истиот период дозволената гранична вредност е 20 mg/Nm3, каде што во истиот период највисоката измерената вредност била во месец јули и изнесува 3,99 mg/Nm3.
Дозволените гранични вредности со кои се споредуваат измерените емисии, се пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање, кои се интегрирани во А-интегрираната еколошка дозвола согласно пропишаната законска легислатива, и истовремено се во корелација со највисоките европски стандарди. Во континуитет мерењата во Макстил се далеку пониски од дозволените гранични вредности.
Како општествено одговорна компанија, што прва започна со редовно објавување на резултатите од мерењата на двете мерни точки, Макстил реализира обемни инвестиции во современи технолошки процеси за контролирање на производството. Резултат на овие инвестиции се ниските емисиони вредности.
Во прилог на ова соопштение е пресекот на работењето на компанијата во трите месеци од третиот квартал од 2022 година.