„Фашизмот мора да падне“: Напната атмосфера на протестот во Охрид – спречен инцидент

од Берта Китинска
180 прегледи

Група од демонстрантите се обиде да го пробие полицискиот кордон на протестот во Охрид по повод отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

„Фашизмот мора да падне“; „Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти“, беа само дел од транспарентите кои се носеа на протестите.

Демонстрантите удираат со јајца по објектот кoj се наоѓа на 20 метри од куќата во која што во 1941 година воениот суд на бугарскиот фашистички окупатор осуди група партизани на чело со Лазар Колишевски на смрт со бесење поради организирање оружено востание против окупаторот.

Покрај активисти на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, голем број на охриѓани се приклучуваат на протестот.

Слични содржини