Правото на протест е неприкосновено уставно и демократско право. Токму од оваа причина принципиелно ги поддржувам сите мирни протести без разлика на нивниот повод или причина. Затоа ги поддржувам и денешните протести против името на вториот бугарски “културен“ клуб во Охрид “Цар Борис Трети“, пишува на својот Фејсбук поранешниот генерал Стојанче Ангелов.
-Повторувам, овој клуб се отвора со вакво провокативно име за да биде оштетен, запален или уништен, со што би се продлабочила веќе загрижувачката нетрпеливост и омраза помеѓу Македонците и Бугарите. Кому тоа му одговара е сосем друго прашање.Затоа, да покажеме мудрост и да не наседнеме и на оваа директна провокација чија цел е да се изнуди реакција од наша, македонска страна.Доколку одлучите да излезете на протест, протестирајте мирно. Секој напад врз овој клуб оди на штета на интересите на Македонците и Македонија, пишува тој.