СВР Охрид соопшти дека на протестот одржан денеска во Охрид, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир.
Полициските службеници евидентираа едно лице кое на јавно место, кон одредена група граѓани фрли со предмет“, се вели во соопштението.Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Стотици поддржувачи на опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ и граѓани денеска во Охрид излегоа на протести против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.
Цар Борис е контроверзна личности бидејќи бил соработник на Хитлер во Втората светска војна. На 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на т.н. „конечно решение на еврејското прашање“.